Денес е ден за одмор за македонските репрезентативци, а пред мечот со бранителот на титулата утре (15.45) малку математика околу конечниот пласман во групата.  Еве ги сите калкулации за 4-те репрезентации од Е групата кои конкурираат за преостанатите 2 места во 1/4 финалето.


Македонија
– Оди понатаму со било каква победа над Русија, ако Германија ја победи Хрватска (небитна кош разлика).
– Оди понатаму со победа над Русија со 7 или повеќе поени разлика, без оглед на резултатот од натпреварот Германија – Хрватска.
– Во случај на пораз, Македонија испаѓа.


Хрватска
– Оди понатаму само со победа над Германија, небитна кош разлика.
– Во случај на пораз, Хрватска испаѓа.


Русија
– Оди понатаму со победа над Македонија
– Оди понатаму со пораз од 6 или помалку поени, ако Хрватска ја совлада Германија.


Германија
– Оди понатаму со победа над Хрватска, без разлика на резултатот од натпреварот Македонија – Русија.
– Во случај на пораз, Германија испаѓа.

Распоред на натпреварите
15.45 Македонија – Русија
18.15 Грција – Франција
21.00 Германија – Хрватска

Ohridnews