Тестаментот на Џејмс Гандолфини бил отворен. Неговото богатство кое е проценето на 70 милиони долари ќе го поделат неговата сопруга, децата и сестрите, но и неговата секретарка која добила 200 илјади долари. Ѕвездата на хит серијата „Сопранови“ на својот син од првиот брак, Мајкл (13) му оставил седум милиони долари, кои ќе може да ги потроши дури кога ќе наполни 21 година. Имотот кој го имал во Италија му припаѓа на Мајкл и неговата полусестра Лилиана, а за имотот ќе можат да одлучат кога таа ќе наполни 25 години. тој напишал дека се надева како неговите деца ќе го остават имотот во семејна сопственост додека тоа е можно.

Остатокот од имотот ќе биде поделен помеѓу неговите две сестри, втората сопруга Дебора Лин и нивната ќерка Лилиана на пет еднакви делови. Интересни ставки од неговиот тестамент се оние кое се однесуваат на износите од по половина милион долари кои ги оставил на своите внуки од сестра, 200 илјади долари добил негвоиот асистент, и ист износ одредил и за секретарката. Што се однесува за станот на Менхетн кој е во сопственост на Мајкл, тој ќе биде поделен меѓу него и Лилиана, а синот на Џејмс Гандолфини има право да го откупи делот на сестра си.