Британец кој снимил и ги поставил на Youtube повеќе од 80 видео снимки со свои прекршоци, добил титула „Најглуп криминалец во Лидс“.


Судот во тој англиски град привремено му забранил на Ендри Келт да се фали на интернет со своите прекршоци, изјавил градски службеник. Забраната му е изречена за еден месец.

23 годишниот престапник се снимал себеси, понекогаш и во друштво, како конзумира тешки дроги, вози автомобил побрзо од дозволеното, псуе и провалува на туѓи имоти.

Келт дури се снимал за време на судењето кога му е изречена казна за неовластено влегување на туѓ имот.