За да го спречи мажот да оди во коцкарница една Американка пуштила гласини дека тој со себе носи бомба. Бесна бидејќи тој ги изгубил заедничките заштеди одлучила со сите средства да го спречи да се коцка. Се јавила во омиленото касино на сопругот и го известила дека тој планира да активира бомба.
Еден семеен пријател и помогнал на полицијата да открие дека зад повикот се крие бесната сопруга. Таа пак ги негирала обвиненијата велејќи дека мобилниот го изгубила и дека секој можел да го употреби за лажната тревога.