Здравиот сон има големо влијание врз нашето здравје и продуктивноста, а и на нас самите ни е многу помило кога ќе станеме без мака наместо да се чувствуваме изморено.

Дури и оние кои имаат проблеми со спиењето можат тоа да го решат без таблети за спиење, бидејќи веројатно прават нешто погрешно пред спиење.Па, еве како најдобро да се подготвите за добар сон.

За почеток, исклучете ги мобилните. Не само за да престанете да проверувате нешто, туку да го растеретите мозокот од потребата за информации, што е клучно за добар сон. Наместо мобилен, компјутер или телевизор, два часа пред спиење земете книга.

Лесно читање во друштво на мирна, релаксирачка музика која ја сакате најдобро ќе ве подготви за добриот сон, бидејќи во целост ќе ви го испразни мозокот од секојдневните проблеми кои ги имате или кои ќе мора да ги решите наредниот ден.

Кафето, се разбира, заборавете го во вечерните часови, а ни чоколадото не е надобар избор. Најдобро е да се подготви релаксирачка купка полна со мирисна лаванда која ќе ви ги опушти мускулите,а потоа без проблем ќе потонете во добар сон до утрото.

 

извор:metro-portal.hr