Колку пати ви се случило да се обидете да пронајдете колаче во кутијата која штотуку сте ја отвориле, само да утврдите дека сите сте ги изеле?

Слатките спаѓаат во нездрава храна, ви се допаѓало тоа или не, но голем е бројот на луѓе кои се едноставно зависни од слатки толку што неможат да се воздржат, а да не ја испразнат цела ќесичка со бомбони или кутија колачи.

Но, излезот од овој круг не е невозможен, но бара прилично драстичен чекор, тврдат нутриционистите кои предлагаат потполно исфрлање на шеќерот од исхраната.

Имено, основната идеја е во тоа дека покрај фактите дека шеќерот ја зголемува желбата за храна и го иницира во мозокот центарот за уживање, нешто слично како да сте заљубени, не можеме да престанеме да јадеме слатки кога еднаш ќе започнеме.

Подеднакво логичното толкување доаѓа и како одговор на прашањето зошто под стрес јадеме чоколади и сладолед – кога сме под стрес, расте нивото на кортизол, а организмот бара некој стимуланс за производство на серотонин, каде шеќерот повторно стапува на сцена.

извор:metro-portal.hr