Научниците во Кина размислуваат да употребат полициски кучиња кои ќе ги научат пандите да се борат, откако првата панда одгледана во резерват по пуштањето во дивина настрадала во борба со други животни.
Центарот Волонг за одгледување на панди планира четири панди пораснати во резерватот да ги стави да живеат со специјално обучени полициски кучиња и други животни.
Пандите би можеле, веруваат стручњаците да ги гледаат кучињата и да научат да се бранат, со што би им се зголемиле шансите за опстанок ако би биле пуштени во дивина во планинските области на провинцијата Сечуан.
ohridnews