Со овие мејк-ап совети очилата повеќе нема да ви пречат да ги истакнете своите очи.

Носењето очила бара посебен начин на шминкање, особено ако сакате масивни рамки кои очите ги “фрлаат“ во втор план. Следете ги овие неколку златни правила и рамките ќе ви бидат додаток за привлекување машки погледи.

Истакнете ги веѓите –  големите очила, кои моментално се “ИН“, често ги покриваат веѓите. За да ги истакнете пополнете ги со моливче и исчешлајте ги нагоре.

Матирајте го тенот – спречете очилата да ви се лизгаат по носот така што после изедначувањето на тенот со течна пудра на Т-зоната ќе нанесете малку пудра во прав.

Сокријте ги подочниците – темните подочници стануваат уште повидливи кога носите очила. Коректор со рефлектирачки честички кои ја прекршуваат светлината многу лесно го “бришат“ овој проблем.

Нагласете ги трепките – свиткајте ги трепките да не го допираат стаклото од очилата. После тоа нанесте два слоја црна маскара за уште повеќе да го “отворите“ погледот.

извор:zenstvena.com