Пролетта ни носи изобилство од сонце (и дожд), зелени лисја на гранките и многу цвеќиња, но еднакво со нив стигнува и пролетниот замор кој погодува дури три четвртини од луѓето.
Причината е едноставна, велат луѓето, бидејќи човечкото тело после зимските месеци е затруено со токсичен отпад кој прави проблеми – го нарушува протокот на информации меѓу органите и клетките, го блокира текот на животната енергија и со тоа предизвикува замор и исцрпеност.
Во текот на зимата резервите од сончева светлина кои човекот ги насобрал во текот на летото се празнат, а критичниот пад се случува во почетокот на пролетта. Сепак, тие резерви можеме и сами да ги наполниме, најдобро со чест престој на воздух и сонце. Покрај тоа, важно е во организмот да се внесуваат многу течности.
Правилниот режим на пиење течност е лесно да се израчуна – својата тежина човекот ја дели со бројот 25 и така добива број на литри течност кој треба да ја испие. Би требало да пиете почесто во текот на денот, и тоа не само кога сте жедни, бидејќи тоа веќе значи дека немате доволно течност во организмот.
После тоа треба да го направите следниот чекор во борба против пролетниот замор и намалување на киселоста на телото. Имено, ако во телото преовладуваат киселини, организмот се брани со задржување на водата. Поради тоа отекуваме, се чувствуваме надуено и се забавува нашиот метаболизам. Во тоа ќе ни помогне правилната исхрана и минерална вода.
извор:metro-portal.hr