Дали веќе сте одлучиле да држите диета? Доколку вашиот одговор е потврден, тогаш сигурно сте размислувале за тоа каква промена ќе воведете во своите навики за исхрана. Меѓу разните начини на слабеење постои и оној со помош на вода.
Кој што пред јадење пие вода, полесно губи килограми. До тие резултати дошла една американска студија. Само две чаши вода секогаш пред јадење, обезбедуваат губење и до два килограми. Експертите нагласуваат дека водата помага да се намали чувството на апетит, а притоа се чувствуваме сити и тоа со нула калории.
“Во текот на дванаесет недели, колку што траеше студијата, доброволци со две дополнителни чаши вода изгубиле пет килограми повеќе од оние кои не консумирале вода“, објаснува Бренда Дејви.
Луѓето кои пијат вода внесуваат 75 до 90 калории помалку по оброк, отколку луѓето кои не испиле две чаши вода. „Но треба да пиете вода, а не пијалоци кои содржат дополнителен шеќер“, објаснува Дејви.
За да го извлечете максимумот од водата кога е вашата диета во прашање, консумирајте околу 13 чаши вода дневно. Немојте никогаш да пиете наеднаш голема количина на течност. За да го постинете вистинскиот ефект од водата, распоредете ја количината во текот на целиот ден.
За внесени 1 000 калории потребно е околу 1 000 милилитри вода, односно еден литар. Од тоа две третини се внесуваат преку пиење, а остатокот преку храната.
За да бидете сигурни колку вода сте испиле, пијте од пластични шишиња од половина литар или литар. На тој начин ќе можете точно да израчунате колку течност сте внесле во текот на денот. Каде и да одите, со себе носете шише вода бидејќи така полесно во текот на денот ќе ја внесете потребната количина. Водата нека ви биде главниот сојузник кога е во прашање губењето на килограми.
извор: savjetnica.com