Дали веќе започнавте со усвојување на здрави животни навики? Тие се најдобриот пат ако сакате добро да се чувствувате во своето тело и да немате проблеми со вишокот килограми. Здравите животни навики го олеснуваат губењето на килограми кои се насобрале поради лошиот начин на живот.Дали знаевте дека можете да ослабите 5 килограми со мали промени? Следат совети кои ќе ви помогнат да ја остварите посакуваната цел без многу проблеми. Прво што треба да направите е да ја намалите количината на стрес, а тоа можете така што ќе се занимавате со сите оние активности кои ве опуштаат. Тоа може да бидат масажи, читање или физичка активност.

Листа на се она што сте изеле
Би било добро кога би направиле листа на се она што сте изеле тој ден. Научниците биле согласни во тоа дека сите оние кои прават листа, по правило полесно ги намалуваат насобраните килограми. Кога на листата ќе видат се што изеле, започнуваат да се воздржуваат од одредени намирници.

Ужината е важна
Знаете ли дека ако организмот е подолго време без храна, доаѓа до пад на шеќерот и тогаш многумина посегнуваат по слатки? Обидете се да јадете нешто на секои 3 часа, а ако сакате да имате здрава ужина, посегнете по бадеми, ореви, овошје и зеленчук.

Бројте ги своите калории
Обидете се да ги искомбинирате начините со помош на кои ќе изгубите калории.За најдобра комбинација се смета онаа каде дневно се губат до 250 калории од храна, а останатите 250 калории со вежбање.

Внимавајте што пиете
Избегнувајте ги овошните сокови кои сте ги купиле во продавница, бидејќи се богати со шеќер. Исто така не би било добро да претерувате со алкохолот, како што е шише вино, а кое во себе има 500 калории.

Внимавајте на порциите
Дали сте знаеле дека ако својата порција ја намалите за само 15%, тоа значи дека по еден оброк исфрлате околу 200 калории?
Ако сакате да ослабите 5 килограми без голема промена во исхраната, обидете се да ја зајакнете исхраната со белковини, бидејќи така подолго време ќе бидете сити. Збогатете ја исхраната со намирници како грашак, јајца, месо, соја, грав и риба.

Избегнувајте ги слатките, а тоа најдобро ќе го направите така што едноставно ќе ги игнорирате сите полици во продавниците на кои се наоѓаат чоколади и останати слатки производи. Водете сметка за својот изглед и не заборавајте дека многу нешта зависат само од вас.

 

извор:savjetnica.com