Дали сте се запрашале како да носите црно сако? Се работи за благодарно парче облека кое може да го комбинирате на неколку начини, било да се работи за свечен изглед или секојдневно издание. Црното сако е прилагодливо и прикладно за многу случувања.

Црното сако се постави пред останатите парчиња облека за да покаже колкава е предноста да се има голема моќ на трансформација.

Црното сако можете да го носите со различни модни комбинации. Ако сте љубител на секојдневниот стил, нема да згрешите ако се одлучите за траперки, тесна маичка или струкирана кошула, црно сако, чевли на високи потпетици и прикладна чанта. Оваа комбинација можете да ја испробате и со чевли кои се носат за секојдневни активности.

 

Сакото во црна боја е како створено за игра со разни парчиња облека. Така нема да згрешите ако се одлучите за фустан чија должина е над колена, црно сако и чевли на високи потпетици. Вака облечени можете да одите било каде, бидејќи сте покажале дека знаете да бидете модно освестени.

Пантолони во боја, тесна маичка, црно сако и балетанки. Сега сте спремни да одите на работа или на кафе со пријателките. Уште ви преостанува чанта која одговара со се она што го имате облечено.

Ако не знаете што да облечете за вечерно излегување, може да се обидете со црно сако, свечена маица без ракави, сет нараквици, мала и модерна чанта, чевли на висока потпетица и вистинска фризура. Пронајдете ја најдобрата комбинација и ако веќе не сте набавиле црно сако, направете го тоа, бидејќи тоа е парче што мора да го имате.

извор : savjetnica.com