Модната облека која станува се попопуларна се чизмите над колена. Елегантни и префинети, одлично можат да се комбинираат со многу парчиња облека, како сукња, фармерки, хеланки. Она што е одлично кај овие чизми е тоа дека се сами по себе одличен моден додаток и се многу впечатливи. Со било кој модел што ќе го изберете не можете да погрешите, а ниту да поминете незабележано.За девојките со долги нозе предлагаме комбинација со туника и фустани со светли бои и едноставен крој, додека оние со просечна висина ќе ја истакнат својата линија со фармерки или хеланки. Во иста боја како чизмите, тие ќе ја подигнат и истакнат линијата на нозете. Ваквиот аутфит секогаш може да се надополни со капут и каиш на половината.

Добриот избор на чизми над колена секогаш се и кратките здолништа со кои чизмите ќе дојдат до израз, а исто така и вашите нозе. Ако ги облекувате за на работа, здолниште до колената кое прекрива дел од чизмите исто така е добар избор, а сето тоа дополнете го со кошула. Запаметете-секоја комбинација во која се чувствувате добро е вистинската.

 

извор:zena.hr