Секоја жена, било да е пониска или висока сака да има убава, витка и издолжена фигура. Издолжената фигура не е само синоним за манекенски тип на жена. Со правилно комбинирање на облеката и обувките, примероците и боите, и вие можете така да изгледате.

Првенствено, важна улога играат боите. Нив обично ги бираме според расположението, а се разбира,имаме и омилени бои кои красат најмногу парчиња од нашиот ормар. Ако сакате да го истакнете долниот дел од телото, облечете кратка сукња или панталони и со тоа ставете ги вашите нозе во прв план. Она што е важно e да се комбинира бојата на сукњата или панталончињата со бојата на чевлите. Не е важно за која боја станува збор. Ако се работи за класична црна или светли тонови, ваквиот начин на облекување ќе ги издолжи вашите нозе.

Иако некои жени избегнуваат чевли со високи потпетици, секоја жена има барем еден пар убави штикли. Високите потпетици се решение за се. Особено ако се работи за пониска жена. Ќе изгледате од 5 до 10 цм повисоки, а со тоа и визуелно ќе се истенчите. Потпетиците ќе ви намалат и некој килограм. Зависно од годишното време, облечете чевли, сандали или чизми. Со кратка сукња и панталони изберете класични салонки со високи потпетици, а со обувки со полна пета облечете со панталони со долги ногавици.

Без разлика дали сакате вертикални линии или дезени во потемни и посветли бои, би било добро да имате што повеќе парчиња такви примероци. Линиите на маицата или панталоните, туника или фустан, визуелно ќе ви ја издолжат фигурата. Исто така можете да облечете хулахопки или чорапи со такви примероци. Комбинирајте еден, а останатите предмети нека бидат еднобојни.

Кроевите се многу важни кај складниот изглед на целото тело. Бирајте маици со длабок V израз, со ремен нагласете ја половината, а сукњите нека ви бидат со должина малку над колената. Немојте да ги облекувате оние кои се под колена, бидејќи така ќе ја намалите должината на нозете. Панталоните нека ви бидат со долги и рамни ногавици или нека се шират долу како ѕвоно. Јакните, сакоата и блузите нека бидат подолги, барем до колковите.

Научете правилно да ги комбинирате парчињата облека и модните додатоци и така нагласете ги вашите предности. Издолженото тело не е тајна, само треба вешто да изберете облека со која ќе го постигнете складниот изглед.

Извор:savjetnica.com