Природната боја на коса веќе одамна не е во мода, освен ако немате некоја исклучиво интересна нијанса, па еве неколку совети како да ја изберете најдобрата боја според обликот на лицето.

Така што срцевидното лице највеќе ќе дојде до израз со руса коса, а со таквиот облик на лице добро стојат и кафена, светло црвена и портокалова боја на коса.

Тркалезното лице бара шишки, а најдобро е да имате нијансирани прамени, и тоа посветли на шишките и горниот дел на лицето, а остатокот од косата би требало да биде за неколку нијанси потемен.

Лицето со форма на квадрат обично изгледа широко, па фризерите предлагаат потемни нијанси на кафена и црвена, како и црна боја на косата. Во случај да сакате прамени, со овој облик најдобро одат потемни до челото и рабовите на лицето.

За крај, кај овалниот облик на лице, треба да се избегнува да се комбинираат прамени, бидејќи лицето визуелно дополнително ќе го издолжат, а не одговараат ниту потемни нијанси на бои, па за овој облик на лице најдобро е да се земат средните руси нијанси, црвена, костенлива или кафена.

извор:metro-portal.hr