Природата веќе се разбуди, па време е и ние да го искористиме убавото време за своето здравје.
Пролетта би требало да ја избрише зимската мрзеливост и заморот од нашите тела, но тоа не се случува само од себе, сепак би требало малку да се потрудиме за да се усогласиме со будењето на природата, а еве што треба да се направи.
Алкохол да се избегнува, кратко и јасно. На организмот му треба чистење од зимската тешка храна и се што сме јаделе и пиеле, а ако црниот дроб се мачи и со алкохол, нема да има време да ги исчисти останатите токсини.
Престој во природа-доволно е секој ден да се отиде дваесеттина минути во блискиот парк, да се шета и ужива во зелeнилото вашиот организам да се регенерира, и тоа и телото и мозокот, а покрај тоа вашето тело ќе се наполни со кислород и витамин Д.
Глутен и соја-две нешта кои можат да имаат исклучително негативно влијание на системот за варење, препорачливо е да се тестираат за да се знае дали има некој вид интолеранција.
Органска храна-за среќа и кај нас може да се најде органска храна, која е и здрава и вкусна.
Овошје и зеленчук – плодови во природата има се повеќе, изборот е неверојатен, се што треба да направите е да изберете домашни и да ги јадете секој ден.
Пробиотици-нека добрите бактерии си ја работат работата, а вие потрудете се јогуртот или кефирот да бидат домашни и да ги правите сами.
Здрави масти-од бадеми и ореви, преку кокос до јајца и маслиново масло, природата не снабдува со здрави масти кои ќе ги урамнотежат хормоните во организмот и ќе ви дадат доволно енергија.
Се на се – размрдајте се, здравјето ќе ви биде подобро, расположението на повисоко ниво и животот веќе нема да ви биде така тмурен…
извор:metro-portal.rtl.hr