Свежиот и беспекорен изглед можеби е најтешко да го сочувате во текот на летото, па еве неколку интересни трикови со кои ќе изгледате совршено и на плус 30 степени.

За почеток, кармините и лакот за нокти чувајте ги во фрижидер, секогаш ќе бидат совршени и ќе можете да ги нанесете без проблем, токму онака како што сакате.

Косата на лето побрзо се мрси, па пред спиење ставете и малку детска пудра, а наутро добро расчешлајте ја. Кога немате време за миење, овој трик ќе ви помогне косата да изгледа одлично.

Депилацијата на бикини зоната е прилично незгодна, а често остава и црвенило кое никако не сака да исчезне. Рецептот е едноставен – сварете неколку кесички чај од камилица и оставете ги да се изладат, па ставете ги како облоги на црвените места.

За крај, дамките од пот, особено на белата облека, не се чистат така лесно. Испрскајте ги со лимонов сок, оставете ги десеттина минути и потоа нормално исперете ги.

 

извор:metro-portal.hr