Да изберете костим за капење кој ви одговара не е лесно, но ако знаете каков облик на телото имате, полесно ќе го најдете. Костимот за капење е најважниот моден додаток на летување и плажа, а ако го изберете вистинскиот, ќе изгледате совршено. Од обликот на телото не зависи само моделот на костимот за капење, туку и неговата боја.

Доколку сте слаби и високи, вашиот облик на тело се нарекува банана. Ширината на вашите колкови, половината и рамената е речиси еднаква. Својата линија совршено ќе ја истакнете со едноставен бикини.

Пастелните бои оваа година се во мода, па добро ќе ви стојат зелени, сини, жолти и розеви тонови. Ако изберете едноделен костим, нема да згрешите бидејќи ќе се створи визуелна илузија. Украсите на половината ќе ја истенчат, па ќе добиете тело слично на облик песочен часовник.

На телото со облик на круша најдобро му прилегаат дводелни костими. Имено, на жените со ваков облик на тело, ширината на колковите им е помала од ширината на рамената и струкот. Ако припаѓате на оваа група, изберете бикини кој има еднобоен горен дел, а шарен долен дел.

Така рамената и струкот помалку ќе се истакнат, а долниот, потесен дел на телото полесно ќе дојде до израз. Така ќе се воспостави одредена визуелна рамнотежа.

Ако имате облик на телото сличен на јаболко, колковите ви се пошироки од рамената и струкот. За вас се идеални едноделните костими за капење. Ќе ја намалат вашата линија, односно ќе ги сокријат критичните места како задникот и колковите.

Бирајте еднобојни костими, бидејќи принтовите како точки и пруги визуелно го прават телото подебело.

Песочниот часовник е најчест женски облик на тело. На големите гради одлично им прилегаат бикини со горен дел во темна боја кој се врзува околу вратот. Ваквиот костим за капење ги потпира градите и ја нагласува силуетата. Идеален избор за оние жени кои не сакаат многу да ги истакнуваат своите облини.

Ако имате помали гради, ви се препорачува купување на бикини топ, односно костим кој се врзува околу вратот. Тој, за разлика од обичните бикини, е поставен. Вашите гради ќе изгледаат поголеми и ќе се воспостави рамнотежа со долниот дел од телото.

извор:savjetnica.com