Летото носи многу плодови од природата кои се здрави и вкусни, но ако не ги чуваме на правилен начин, може лесно да се расипат и да ни донесат големи здравствени проблеми после нивната консумација.

Црвеното месо, живината и овошјето мора во фрижидер да стојат одвоено од останатите намирници, како и јајцата, кои треба да се проверат пред консумација. Секоја сомнителна дамка или чуден мирис се причина да ги фрлиме.

Јајцата лесно се расипуваат на топлината, затоа и тие треба да бидат постојано во фрижидер, а пред употреба да се скршат во посебна чинија и да се помирисаат. Ако ви е миризбата и малку сомнителна, фрлете го и земете друго.

Лиснатиот и зелјестиот зеленчук во фрижидер треба да стојат неизмиени, за влагата да не предизвика развој на бактерии и добро да се измие пред готвење или јадење. Се мие под млаз вода за да се отстранат остатокот од земјата и бактериите – никако во чинија бидејќи бактериите ќе се задржат на него.

Млечните производи исто така цело време мора да се чуваат во фрижидер, особено непастеризираните производи како свежо сирење и павлака. Пред употреба задолжително да се прегледаат.

Покрај тоа, набавете две даски за сечење – една за месо, друга за зеленчук, а намирниците задолжително да се мијат одвоено. Кујнските сунѓери менувајте ги еднаш неделно, а кујнските крпи треба да се менуваат постојано, бидејќи се најголем извор на можни зарази во кујната.

извор:metro-portal.hr