Шминкањето е забавен процес за време на кој секоја жена може да постигне одредена трансформација. Важно е да се запознаете со основите на мејкапот и доволно добро да ги познавате цртите на лицето и да знаете што треба да истакнете, а што да сокриете. Со шминкањето се разубавуваат усните и очите и се истакнуваат цртите на лицето.

Секогаш пред да започнете да се шминкате потребно е да се нанесе хидратантен крем кој одговара и ќе го заштити вашето лице. Откако ќе нанесете крем време е за подлога. Некои жени ставаат само пудра која треба рамномерно да е распоредена по целото лице.

Сега кога веќе се погриживте акните и подочниците да станат невидливи, можете да започнете со истакнување на очите. Маскара, туш, моливче, сенка, коректор. Сето тоа се козметички производи кои можете да ги употребите ако сакате да им дадете посебен сјај на очите.

Многу жени сакаат визуелно да ги зголемат очите, а тоа можат да го постигнат играјќи си со темни и светли бои на сенка и маскара. Токму трепките се важен фактор кој ќе допринесе за поголеми очи, а ако не сакате да направите екстензија на трепките постои уште еден начин како можете да ги направите подолги.

Со виткач за трепки обликувајте ги трепките, а после негата нанесете маскара во три слоеви. Нанесете го првиот слој кон врвовите причекајте да се исуши и потоа нанесете го вториот слој. Пред третиот и завршен слој земете пудра и ставете ја на трепките, а потоа нанесете го последниот слој. Пудрата можете да ја нанесете и на долните трепки.

За да имате подолги трепки важно е секогаш пред спиење да се погрижите дека сте ја отстраниле маскарата.Не е добро на очите да остане шминка бидејќи трепките можат да се залепат и да предизвикаат алергиска реакција.

Кога купувате внимавајте да ја изберете најдобрата маскара која во себе има најмала количина алергени и не заборавајте да ја погледнете четкичката. Таа мора да биде широка и густа за максимален волумен.

За долги и густи трепки потребно е барем еднаш неделно да користите маслиново масло. Се што треба е да нанесете на трепките, но да внимавате да не ви влезе во очите. После некое време ќе имате поглед каков што сакате.

извор:zanosna.com