Во денешниот свет мозокот мора секогаш да биде во форма и свеж, бидејќи предизвиците кои животот ги става пред нас доаѓаат се почесто и се потешки.
Мозокот е, како што велат некои, мускул кој треба редовно да се вежба за да остане во форма, но ако мислите дека задачи и квизови се доволни за свежина и ефикасност при преработката на информации, се лажете, за тоа е потребна редовна умерена до интензивна физичка активност,покажале резултатите од петгодишно истражување на американски научници.
Ваквиот ефект од физичката активност бил воочлив без оглед на факторите како степен на образование, пушењето, зголемениот крвен притисок или дијабетес.Позитивното делување на физичката активност било најизразено на тестирањата на паметење и способноста за обработка на нови информации. Научниците веруваат дека физичката активност може да го поправи протокот на крв до мозокот и да ја унапреди поврзаноста помеѓу клетките во мозокот.
Покрај тоа, физичката активност може да ги острани некои од факторите за ризик за болести на срцето кои истовремено ги зголемуваат изгледите за деменција.
Во истражувањето се користени податоци насобрани од околу 900 луѓе стари просечно 71 година.
извор:metro-portal.rtl.hr