Мозокот треба да се држи активен за да остане во форма, но сепак преку ден е потребно во еден момент да му се овозможи и нему да се одмори и освежи.
Мозокот работи и кога спиеме, консолидирајќи и сортирајќи ги новите сеќавања на дневните случувања, што е нужен предуслов да станат долгорочна меморија. Но, се покажало дека тоа не е единствено време кога во мозокот се одвиваат тие процеси, бидејќи дел од консолидацијата се одвива и во будна состојба.
Сепак, во тие моменти на мозокот би требало да му се обезбеди малку одмор и мир за сите коцки убаво да застанат на свое место, тврдат научници од Универзитетот Единбург.
Во едно истражување испитаниците кои се одмориле 10 минути пред зададената задача, после една недела запаметиле 10% повеќе од оние кои веднаш ја анализирале зададената задача и требало да ги воочат разликите.
„Го намаливме светлото и седевме во тишина, без телефони, опишува научничката Девар. Нејзиното најново истражување покажало дека 10 минутен одмор помага не само кај вербалното помнење, туку и кај просторното.
Се на се, кога во текот на денот ќе почувствувате преоптеретеност, најдобро би било малку да се одморите во некој изолиран простор, без надворешни дразби.
извор:metro-portal.hr