Размислувате за промена на изгледот, но не сте сигурни како тоа да го направите? Не знаете дали треба да ја промените бојата на косата или фризурата, а ако ја менувате бојата тогаш треба да ја изберете и најдобрата нијанса? Сите се тие прашања со кои многу жени се среќаваат, па затоа пред секоја промена треба добро да се размисли.

Пред да се одлучите на нов изглед во предвид мора да земете неколку фактори, како што се бојата на кожата и очите, бидејќи погрешно избрана боја на косата може на крај да резултира со изглед на кој не сте се надевале, но во негативна смисла.

Експертите се на мислење дека во предвид треба да се земе и тоа во колкава мера промената на бојата ќе влијае врз се останато, а нема да наштети ако сте свесни за фактот дека друга нијанса може да влијае на вашиот облик на очи и целокупниот изглед, па така и на впечатокот кој го оставате.

 

Кога се носат одлуките, во предвид треба да се земе и бојата на очите. Нема да погрешите ако се одлучите на контраст помеѓу бојата на очите и косата, а ако не сте сигурни секогаш можете во посебна програма да направите неколку обиди да видите како би изгледале со одредена боја.

Ако сакате руса коса, и отсекогаш сте мечтаеле да станете русокоса, оваа боја ќе ви одговара ако имате светол тен и ако како дете не сте имале темна боја на коса.Во спротивно, би можеле да делувате вештачки.

За сите кои ќе се одлучат на промена во една од нијансите на руса, мора да внимаваат на редовната нега која подразбира соодветни средства. Обојувањето доведува до сушење на косата и поради тоа вашата коса може да го изгуби саканиот сјај.

Црната боја на коса им одговара на луѓето со потемен тен и помладите бидејќи со појавата на првите брчки со потемната боја ќе изгледате уште постари. Кафените прамени се најдобро решение ако сакате освежување и одговараат речиси на сите.

Црвената боја на коса е посебно чувствителна и затоа би било најдобро да се одлучите за боење на косата кај фризер кој ќе ви ја погоди саканата нијанса. Споменатата боја брзо паѓа, па затоа треба да внимавате на изборот на препарати за нега на коса како што се посебни регенератори кои го продолжуваат трањето на бојата.

извор:savjetnica.com