Понекогаш е навистина тешко да се избере најдобра фризура, облека и накит. Едноставно мора да знаете како да ги ускладите сите модни додатоци, а тоа да изгледа совршено. Некои имаат талент и тоа воопшто не им е проблем, додека на останатите им треба повеќе време.
Сакате ли да носите обетки? Тогаш во предвид треба да земете уште еден моден додаток кој мора да го ускладите со сите останати. Како да ги ускладите обетките и фризурата? Најпрво размислете за обликот на вашето лице и што се ви одговара, а потоа за обетките и моделите кои ќе ви одговараат совршено.
Откако ќе утврдите каков облик на лице имате, следниот чекор ќе зависи од тоа дали имате права или виткана коса. Не е сеедно што ќе изберете, вие едноставно мора да изгледате најдобро што можете за да се чувствувате одлично, а тоа да го забележат и сите останати.
Следат совети кои ќе ви помогнат да ги изберете најдобрите обетки за својата фризура.
Ако имате кратка коса, би било најдобро да се одлучите за дискретни модели или кратки обетки. Вашите уши тогаш се во прв план, како и обетките и не би било добро ако привлекувате внимание во негативна смисла.
За сите жени кои сакаат да ја носат косата подигната за нив се висечките обетки. Тие се богати, раскошни и како створени за споменатата фризура. Кренатата коса диктира одреден стил, а тоа се елеганција и класика.
Косата со средна должина може да ги поднесе сите модели на обетки. Тоа е должината помеѓу брадата и рамената. Ако сакате на сите да покажете дека сте купиле убави обетки, би било добро косата да ја ставите позади ушите. Така сите ќе може да го забележат вашиот најнов моден додаток.
Она што е најважно е да створите слика и да се обидете да ја реализирате. Кога најпосле одлучивте што ќе облечете и тоа се некако да го искомбинирате, време е да излезете и да го покажете својот најнов изглед на сите останати.
извор: savjetnica.com