Одговор на овие прашања, како и многу други актуелни теми од областа на здравјето, ќе најдете во новото, деветто издание на магазинот за здравје и современ живот „Наше Здравје“ на аптекарскиот бренд „Виа Фарм“ што излезе од печат.

Во пролетното издание, „Наше здравје“ донесува разговор со угледниот кардиолог д-р Никола Бакрачески за превенција и лекување на коронарните болести, информира за причините и последиците од неалкохолен масен црн дроб, за заштита на очите од непријатната пролетна алергија, како и за однесувањето на тинејџерите. Тука се и бројните корисни совети и актуелни теми од стоматологијата, исхраната, како и вредни наградни игри и други изненадувања за читателите… 

-Длабоко веруваме дека е нашиот ангажман препознаен од вас, како што сме силно убедени дека стручните соработници, кои со свои текстови придонесоа во реализацијата на овој број на „Наше здравје“, се сосредоточуваат на најзначајните здравствени теми кои се од интерес на читателите. – вели главниот и одговорен уредник на „Наше Здравје“  м-р фарм. Марица Угриновска Баткоска.


м-р фарм. Марица Угриновска Баткоска

Издавач на „Наше здравје“ е ланецот аптеки „Виа Фарм“, а едукативниот магазин се реaлизира во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и “OhridNews”. Дизајнот е на м-р Антонио Стаматоски.

Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците, како и во хотелски и угостителски, модни салони и други препознатливи места во регионот и пошироко. 

OhridNews