Сте почувствувале ли болка во нозете и колку често? Без оглед на природата на работата очигледно е дека нозете многу трпат, и затоа не треба да се сфаќа несериозно потребата за нивно опуштање. Сепак ќе ни треба уште долго и затоа треба да се внимава на негата. Што може да се направи за здравјето на нозете?
Ако сакате да вежбате и не сакате секогаш да чувствувате притисок во нозете, би било добро да направите купка за нозете. Кога е температурата висока, доаѓа до проширени вени, а течноста притоа оди во стапалата и нозете. Во таква ситуација помага се што ја подобрува циркулацијата на крвта.
Уморните нозе се проблем кај оние кои имаат низок притисок, неправилна работа на тироидната жлезда, луѓе кои имаат проблем со дебелина или имаат проширени вени. Сите тие луѓе би требало пред медицинските препарати да се потпрат врз алтернативните методи.
Можете да си помогнете со ладна и топла купка во која ќе додадете малку сол или див костен. Вашите стапала ќе се изладат и ако ги истриете со малку алкохол. За сите оние кои не поднесуваат мирис на алкохол можат да се обидат со масажа која вклучува гел со ментол. Наизменично туширање со топла и ладна вода исто така придонесува за подобро чувство.
Во купките е решението било да се работи за габична инфекција или уморни и отечени нозе. Разликата е единствено во тоа што ќе додатете од состојките. Така против габи одлично дејствува комбинацијата на масло од лаванда и чајно дрво. За уморните нозе помагаат жалфија и лаванда, а за отечени во купката додадете чај од коприва.
Нозете можете да ги одморите и благодарение на одредени вежби, а постои една за која не треба да одите во теретана. Земете ќебе, легнете и потпрете ги нозете на ѕидот. Внимавајте да ви е грбот на подот и да не го кревате. Се работи за брза вежба која ќе ги опушти уморните нозе. Оваа вежба можете да ја правите секој втор ден, а добро е што не е напорна. Внимавајте на своето здравје.
извор:zanosna.com