Кафени, зелени, сини…Сите се тие прекрасни бои на очите кои треба да знаете да ги нагласите, а секоја од нив бара одредена шминка и боја на сенка која уште повеќе ќе ја истакне нивната убавина. За да знаете да ги нашминкате, потребно е да го познавате своето лице, да знаете кои бои највеќе му одговараат и која шминка ќе ги истакне предностите, а ќе ги сокрие недостатоците.
Зелените очи се навистина посебни, а сите дами кои ги имаат свесни се дека не можат да стават било каква боја на сенка кои нивните очи ќе ги направи уште позанесни. Кафените очи познати се по тоа што ја дозволуваат речиси секоја нијанса, додека кај зелените бои не е така.
Зелената боја на очи е впечатлива и затоа би било најдобро да се користат бои кои се во контраст со вашата боја на очите. Иако црвената боја е спротивна на зелената, никако не би било добро кога неа би ја одбрале. Вашите очи тогаш ќе изгледаат уморни, и како предмалку да сте плачеле.
Наместо црвена боја, би било добро кога своите очи би ги истакнале различни нијанси на виолетовата боја. Освен виолетова, нема да погрешите ако користите индиго сина боја или некоја од кафените, и на нијансите на златна боја.
Седефастите нијанси може да ги користат сите млади дами на чие лице сеуште нема бори, но ако не сакате да ги сокриете, тогаш слободно посегнете по споменатите нијанси. Иако бројни визажисти тврдат дека треба да ставате сенка во боја спротивна на вашата боја на очите, нема да погрешите ако ставите сенка со зелена боја.
Добро е да се знае дека ако се одлучите за зелената боја морате да внимавате да изберете нијанса што е слична на вашата природна боја на очите.