Рамни чевли, со ниска потпетица или чевли со вртоглаво високи потпетици? Одлуката околу изборот на новиот пар чевли ќе зависи за што ви требаат и дали ќе ви служат за секој ден или само за посебни пригоди. Одлуката нема да зависи само од тоа, туку и во што се чувствувате удобно.

Мислење на експертите е дека пред купувањето нови чевли треба во предвид да го земете и здравјето, што на крај ќе биде најдобро за нашиот  ‘рбет.Според нив не е добро да се носат потполно рамни чевли без барем 1 цм потпетица или оние со повеќе од 7 цм.Решението е некаде на средина.

За сите жени кои не сакаат рамни чевли и дури и на работа одат со високи потпетици, за нив се чевли од 5 до 6 цм. Лекарите се на мислење дека токму таа висина е идеална, а освен тоа благодарение на токму тие неколку сантиметри ќе бидете елегантни и грациозни како што би биле со многу повисока потпетица.

Пред купување внимавајте да изберете чевли кои одговараат на вашиот облик на нозе и да се прилагодени за пригодата за која се наменети. Дневните чевли се оние кои имаат стабилна потпетица бидејќи не сакате 8 часа да размислувате за тоа дали ќе паднете или ќе се задржите на нозе. За дневните чевли важно е да се удобни.

Ако имате појаки листови би било добро да избегнувате ременчиња кои се наоѓаат на зглобот, бидејќи нозете ќе ви изгледаат пошироки, а тоа сигурно не го сакате. Вас ви се потребни чевли кои уште повеќе ќе ги издолжат вашите нозе.

Ако сакате да постигнете елеганција како дамите од 20тите и 30тите години на 20 век, важно е секогаш да избирате чевли со тенка потпетица. Бојата нека биде некоја која ќе може да се комбинира со повеќе работи. Чувствувајте се одлично во вашите нови чевли.

извор:zanosna.com