Еден романец одлучил да организира сопствен погреб за да се увери дека се ќе биде совршено кога за тоа навистина ќе дојде време.

73-годишниот Марин Воиник, повикал неколку соседи од своето село, роднини, семејството и селскиот свештеник.


Сите радо го прифатиле повикот и се појавиле на “погребот“. Господинот Воиник објаснил: „Направив се по правилата. Дури го ископав својот гроб и легнав во него за да се уверам дека ми одговара“.

Марин ги замолил роднините неколку минути да плачат крај гробот за да види како тоа ќе изгледа. „На крајот бев прилично задоволен со погребот“, рекол господинот Марин.

Семејството и соседите се согласиле дека ова било прилично забавно искуство и повеќе потсетувало на венчавка, отколку на погреб.