Бразилскиот плејмејкер Рикардо Кака ќе биде првата аквизиција на новиот престедател на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Кака (27) кој е во Бразил на подготовки за претстојните квалификациски натпревари се обиде да го негира трансферот.


Но, како стојат работите , се е готово откако Галијани на инагурацијата на Перез се договорил Кака да замине во Мадрид за рекордни 62 милиони фунтиж. Неделната плата на Кака во Реал, ќе изнесува 160 илјади фунти.

Со овај трансфер Кака станува најскапиот фудбалер во историјата. Претходно тоа беше Зинедин Зидан кој во 2001 година од Јувентус се пресели во Мадрид за 47 милиони фунти.

М.П.