Најдобриот фудбалер во светот за 2007 година Рикардо Кака го одигра својот последен натпревар во професионалната кариера. Бразилецот во дресот на Орландо на емотивен начин со солзи во очите се збогува од фудбалот и остави неизбршлив траг со својота скромност и посветеност.

Ѕвездените моменти во кариерата Кака ги имаше во тимот на Милан. Бразилецот носејќи го дресот на „росонерите“ успеа да освои повеќе титули вклучувајќи го трофејот од Лигата на Шампиони. 

Од Милан се пресели во Реал Мадрид, каде не го покажа својот потенцијал и се врати помеѓу „росонерите“ една сезона, пред замине во Орландо каде и ја заврши кариерата.

 

Во селекцијата на Бразил, Кака настапи 92 пати и постигна 29 погодоци.

OhridNews