Бразилскиот плејмејкер во дресот на Реал Мадрид, Кака немаше сезона за паметење. Кака настапи само на 30 натпревари за “кралевите“. Бразил атакува на рекордната шеста титула од Светските првенства а Кака треба да биде клучот на успехот за популарните “кариоки“.


– Во Сао Паоло ќе одам на дополнителни медицински тестови. Потоа ќе се потврди мојата ситуација со повредите кои ги здобив сезонава, ќе се потрудам на мундијалот да сум во препознатливата топ форма.  Немав добра сезона, но постои голем
број на фудбалери кои имале лоша сезона а повторно блескале на големите
натпреварување. 
изјави Рикардо “рики“ Кака`


Светското првенство во фудбал започнува на 11 јуни а големото финале е на 11 јули.

ohridnews