Стружанецот Слободан Кајмакоски се закити со сребрен медел во дисциплината лоу кик до 71 кг на 15 – то  балканско првенство во кик бокс кое викендов се одржа во Бургас,  Р Бугарија. Кајмакоски претпре пораз од бугаринот Павел Филимонов во најбројната , најопасната и воедно најтрактивната категорија на турнирот.


Стружанецот со боречките спротови е од мали нозе, почетоците ги направил во каратето, а со тек на времето негова љубов станала кик боксот. Тој е дел од центарот за боречки вештини Бушидо од Струга кој брои 70 членови, кои работат под палката на Сотир Настоски поранешен член на македонската кик бокс репрезентација.

Инфраструктурата и условите за практикување овај спорт се во незавидна положба,  а натпреварувачите како знаат и умеат се снаоѓаат .

– За се се` снаоѓаме самите и се трудиме максимално да бидеме во тек со светската “технологија“ во нашиот спорт. Кога би имале доволно финасии сигурно би постигнувале далеку подобри резултати – вели Кајмакоски по неговото враќање од Бугарија.


Кик боксот кај нас е релативно нов спорт, најтешко за натпреварувачите е тоа да ги убедат луѓето дека не се работи за “тепање“ туку дека тоа е еден вид на уметност каде двајца одлично подготвени борци го презентираат нивото на подготвеност. Кајмакоски покрај првенствените настапи има и извојувано две победи во двата професионални мечеви.

Кој колку ќе вложи во себе толку ќе покаже, ова е индивидуален спорт, ние поседуваме квалитет но со поголема помош од државата и институциите без сомение ќе имаме светски професионални шампиoни – смета кик – боксерот.

Пред Кајмакоски (22) се серија предизвици како што е Европското Првенство во октомври, потоа светскиот куп во Италија, како и меѓународното првенство во Босна и Херцеговина, а до крајот на годината тој очекува да има и уште два професионални мечеви. На кои од овие натпреварување ќе настапи под државното знаме зависи од финасиите.

М.Постоловски