Стружанецот Слободен Кајмакоски од клубот “Бушидо“ викендов ќе учествува на “Mega Fight 2011“ турнирот во Стела Марис во Умаг Хрватска. Вечерта се планирани девет борби во различни категории, противник на Кајкмакоски во категоријата до 74 кг ќе биде хрватот Томислав Содан од Пит Бул клубот од  Сплит.


– Повеќе од месец дена сум тука во “мега центарот“ во Ријека каде се подготвувам за мојот профи меч. Овде ја имав првата профи борба и се надевам на повторен успех – вели Кајмакоски за кого ова ќе биде четврти профи меч во својата кариера.


Зад Кајмакоски досега се три профи борби и три победи. Претходно ги совлада хрватот Стипе Ковачиќ во Таи бокс до 71 кг, српскиот репрезентативец Александар Топиќ и бугарниот Томчо Луканов во к1 мечот кој се орджа во рамките на меѓународниот кик бокс турнирот  во салата “Борис Трајковски” под мотото “Ноќ за херојот Јохан Трчуловски”.

М.П.