Струшкиот кикбоксер Слободан Кајмакоски неодамна беше дел од кампот на легендарниот “Кро Коп“ каде низ низа тренинзи можеше одблиску да се запознае со тајните на еден од најдобрите во овој спорт . Покрај Кајмакоски на тренинг кампот имаше и многу борци од просторите на поранешната братска држава.
– Ова не е прв пат да тренирам со Мирко, во јануари оваа година бев кај него во неговата сала каде поминав 7 дена. Чувството е неверојатно, сето она што сум го гледал на Тв, интернет имав прилика одблиску и на себе да го “осетам“ како изгледаат тие тренинзи спаринзи – се импресиите на Кајмакоски.
Стружанецот преку овие тренизи можеше да допре до некои од тајните кои го прават Мирко “Кро Коп“ единствен во светот на кикбоксот.
– Тајните за успехот како што тој вели се едноставни, многу работа и многу повторувања. Разговаравме со Мирко тој да биде мој гостин и да одржиме семинар во Македонија, тој изрази желба да дојде кај нас, но засега сеусте не е ништо дефинирано поради неговите обврски со борбите – истакна Кајмакоски.
Кајмкоски не е дел од македонскиот кик бокс состав кој ќе настапи на Европскиот шампионат,а затоа вината ја наоѓа во водечките луѓе во федерацијата.
– Ме нема во македонската кик бокс репрезентација од прости причини, “има коњи за парада и коњи за трка” луѓето кои ја водат таа федерација не ги интересираат вистински борци и вистински успеси, нив им е битно и со изгубени борби да донесат медали (тоа го видовме после катастрофалниот настап на репрезентацијата на Балканското првенство). Жалосно но вистинито, ево го видов составот кој заминува сега за Анкара на ЕП, има еден или двајца кои што можат да постигнат некој резултат ако е се како што треба, на останатите им посакувам добар престој во Турција, дечките се трудат но сеуште им е рано за такви големи натпреварувања -завршува Кајмакоски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com