Австралиската пејачка Кајли Миног, позната и како „Џебна Венера“ на музичката сцена, одушевила со својот монохроматски стајлинг во четвртокот во Лондон, каде што ја претставувала новата вода Glaceau Smartwater.
За таа свеченост пејачката се одлучила за едноставен и непретенциозен стајлинг во кој во прв план e црната чипка. Тесните црни панталони се украсени со чипка на надворешната страна од колковите што додава доза на сексапил на оваа комбинација. Горниот дел исто така е црн, а материјалот е украсен со полупрозирен дел кој остава ист ефект.
Целиот стајлинг Кајли го надополнила со класични црни шпиц салонки, а не претерувала со изборот на модни додатоци. Се одлучила за дискретни златни прстени и тенко ланче. За да внесе малку боја, ставила само мали црвени обетки. Мејк-апот и фризурата го следеле стајлингот и прекрасно го надополниле. Оваа комбинација пред се е елегантна и префинета, а играта со полупрозирното внесува сексапил и заводливост, што одговара на имиџот на оваа позната пејачка.
извор:budi.in