Популарната пејачка Кајли Миног признала дека иако често размислува да се повлече од сцената, никогаш не може да го замисли својот живот без неа. Поп звездата објаснила дека и за време на паузите во кариерата чувствувала голема потреба да се врати на сцената.
Рекла дека е зависна од кариерата, и дека и покрај тоа што на крајот од секоја турнеја вели дека се повлекува, по неколку месеци започнува да размислува за нови песни. Таа открила дека на почетокот на својата кариера не верувала дека истата ќе трае толку долго. Кога имала 20 години немало шанси да се замисли како оди на турнеја на 42 години, а сега имала чувство дека истото ќе се повтори и за 20 години.