Австралиската поп звезда Кајли Миног спрема мјузикл заснован на својата кариера. Таа наводно соработува со театарскиот режисер и моден креатор Вилијам Бејкер кој со години бил нејзин личен стилист.
Пејачката изјавила дека веќе ангажирале сценарист и работеле на неколку идеи. Во филмот ќе бидат употребени сите нејзини песни, а се надеваат дека ќе биде завршен следната година. Кајли својот последен албум „Афродита“ го објавила минатата година.