Австралиската пејачка Кајли Миног планира во блиска иднина да се врати на големиот екран. Пејачката која глумеше во филмот „Мулен Руж“, изјавила дека би сакала да се врати на актерската кариера во некој високобуџетен мјузикл.


Рекла дека мјузиклите просто ги обожава и дека би била на седмо небо доколку би снимила уште некој од нив. Кајли Миног претходно оваа година навестила дека размислува да се врати во улогата на Шарлин Робинсон во австралиската серија „Соседи“, која ја прославила како актерка.