Поп принцезата Кајли Миног изјавила дека се чувствува понижено откако во лондонскиот музеј Мадам Тисо е изложена нејзината восочна фигура на која е прикажана полугола и во заводлива поза.

„Никој од музејот не ме контактираше и бев апсолутно ужасната. Се чувствував понижено“ изјавила налутената Кајли.

Деновиве на Кајли Миног почест и оддаде и Мелбурн. Во овој град пред  Холот на славните беше поставен споменик на пеачката во природна величина, со нејзините омилени чевли, овој пат во пристојна поза. 

J.M.