Пејачката Кајли Миног изјавила дека ќе отвори кафуле во некое мало гратче во Австралија кога ќе престане да се занимава со пеење, и дека во него ќе спрема лошо капучино за туристите. Неа очигледно и е доста од славата и популарноста, штом планира наскоро да се повлече и со сестрата Дени да отвори мало кафуле.

Рекла дека кафулето ќе носи име според неа, „Кајли“, и дека тоа ќе биде мало кафуле во кое ќе се собираат туристите и ќе ги прераскажуваат своите приказни, а таа ќе им го прави и ќе ги послужува со најлошото капучино кое го пробале. Таа додала дека локалот ќе се наоѓа на северот на Австралија, и дека по пензионирањето ќе ужива во тоа што никој нема да има причина да ја праша што работи.