Пејачката Кајли Миног и на 46 години изгледа заносно, а на Инстаграм се пофалила со своето тело и тоа во провокативна долна облека. Таа, на среќа на соседите, позирала пред отворен прозорец и во провокативна тегет долна облека наметната со бел џемпер.

 

Окружена со клавијатура и гитара, ви нејзината позадина се гледа спектакуларниот поглед на Холивуд Хилс. Кајли фотографијата ја направила во Лос Анџелес каде моментално ја снима серијата “Young and hungry”. Таа ќе биде гостин во оваа серија во две епизоди и ќе го толкува ликот на Шуна која е вљубена во Џош, кој го глуми Џонатан Садовски.