Поп звездата Кајли Миног моментално се наоѓа на светската турнеја, но тоа не ја спречува да размислува за плановите за во иднина, меѓу кои како што кажала се венчавката за шпанскиот манекен Андрес Валенкоза и приновата, која најверојатно ќе ја посвои. Миног, која е во врска со згодниот шпанец веќе три години, неодамна открила дека поради борбата со ракот со дојката не можела да остане бремена.


Меѓутоа, таа не би имала ништо против да посвои дете или да го добие со помош на сурогат мајка. Таа истакнала дека размислува за сите опции и дека децата и се многу важни. Таа додала и дека се надева дека наскоро ќе се омажи за своето долгогодишно момче.