Пејачката Кајли Миног се појавила потполно затегната на насловната страна на списанието „Ел“, поради што многумина помислиле дека австралиската ѕвезда дополнително била средена со фотошоп. Кајли рекла дека понекогаш самата на себе си личи на баба и дека понекогаш не сака да се погледне во огледало бидејќи личела на ликовите од филмовите на Стивен Спилберг.
Меѓутоа, Кајли Миног тврди дека на своето тело не направила ниту една корекција, иако немала ништо против естетската хирургија. Таа оваа година слави 25 години успешна кариера и рекла дека се сомнева дека некогаш ќе направи пластична операција. Додала дека нема ништо против оние кои прават, а за себе рекла дека само се шминка.