Австралиската поп принцеза Кајли Миног во средата во Ливерпул ја започнала европската турнеја „Бакни ме еднаш“, 13 по ред во 27 години долгата кариера. Концертите на оваа турнеја имаат пет делови наречени по бакнежите, прв, таен, зашеметувачки, влажен и австралиски, а пејачката за секој од нив има соодветна гардероба.
Во првиот дел носи долна облека, поточно корсет во облик на срцем подвезици и розе гаќички, додека нејзините танчери се полу голи. Гардеробата воглавно и е во домино фазон, со многу кожа и мрежести хеланки. Во еден дел од концертот таа има и Мерлин Монро момент, кога ја имитира познатата холивудска секс бомба во сцена од филмот „Седум години верност“. За разлика од М. М., која носи бел фустан, Кајли има црвено мини фустанче.