Кајли Миног повторно е вљубена, а нејзиното срце овој пат го освои згодниот и две децении помладиот актер Џошуа Сас. Тие двајца се видени како прегрнати шетаат по улиците во Лондон. Кајли во мај наполни 47 години, а впечатливо е тоа што успева да го задржи младоликиот изглед. Џошуа, кој има 27 години, го запозна на снимањето на неговата серија „Галавант“, во која пејачката имаше помала улога.

 

Иако освен раката префрлена преку неговото рамо ништо не покажува дека се повеќе од пријатели, јасно е дека младиот актер е нејзин тип, а неодамна објави и нивна заедничка фотографија од снимањето. Кајли претходно беше во врска со десет години помладиот шпански модел Андрес Веленкос, кој го запозна на симањето на реклама за незјиниот парфем во 2008 година. Пет години подоцна одлучија да се разделат. Пред тоа, имаше романса со францускиот актер Оливие Мартинез, кој и даде огромна поддршка додека се бореше со ракот на дојката.