Џебната Венера, Кајли Миног, на Инстаграм покажала дека и покрај годините изгледа феноменално во костум за капење. Пејачката која има 45 години облекла едноделе костум за капење и ја поставила фотографијата на која изгледа прекрасно.

Под неа напишала: „Спремна сум да тргнам… Во синилото“. Фотографијата била снимена во Шпанија, татковината на нејзиното момче Андреас, манекен со кој е во врска од 2008 година.