Долгогодишното пријателство помеѓу Кајли Миног и Крис Мартин прерасна во нешто повеќе, судејќи според американските таблоиди. Имено, поранешниот сопруг на актерката Гвинет Палтроу бил виден на долга прошетка во Лондоснкиот Хајд Парк заедно со пејачката. Кајли и Крис биле видени ноќта помеѓу неделата и понеденикот околу два часот наутро како шетаат прегрнати.
Кајли фронтменот на групата „Колдплеј“ го држела цврсто за рака и го криела погледот од папараците, што додатно ги поттикнало шпекулациите за нивната евентуална врска. Мартин со ова ги демантирал шпекулациите дека се смирил со поранешната девојка Џенифер Лоренс, со која бил ви врска после разводот од Гвинет Палтроу во 2013 година.