Кајли Миног кон крајот на оваа година ќе го објави својот прв Божиќен албум, а една песна ќе пее со Иги Поп. Жестокиот рокер со австралиската суперѕвезда ќе ја испее песната ‘Christmas Wrapping’. Тоа не е единствено гостување на нејзиниот прв празничен албум. Песната ‘Only you’ ќе ја испее со Џејмс Корден, додека на познатата Божиќна песна ‘Santa Claus Is Coming To Town’, ќе се чуе гласот и на легендарниот Френк Синатра.

 

Да потсетиме, Кајли прв пат се појави како актерка во популарната серија „Соседи“ која во Австралија и Велика Британија и донесе огромна попларност. Првиот албум го објави во 1988 година, а до денес продаде околу 80 милиони албуми. Додека во 2005 година беше на турнеја, и беше дијагностициран карцином на дојката. Била на лекување и на изненадување на многумина, продолжи со турнејата.