Пејачката Кајли Миног ја раскинала својата петгодишна врска со шпанскиот модел Андрес Веленкос. Тие двајца одлучиле да ја прекинат романсата откако притисокот од работата почнал да влијае врз нив. Пејачакта моментално е во Велика Британија каде како судија учествува во реалното шоу “The Voice”, но и каде исто така работи на својот нов албум.

Од друга страна Андрес се наоѓа во САД, каде се обидува да стартува своја актерка кариера. Пријател близок на пејачката рекол дека таа била просто „очајна“ поради раскинувањето кое и паднало многу тешко. Кајли и Андрес започнале да се забавуваат во 2008 година кога се запознале на снимање рекла за нејзиниот парфем, а последен пат биле видени заедно во август оваа година.